Градоначалникот на Град Скопје распишува јавен конкурс за...

Градоначалникот на Град Скопје распишува јавен конкурс за...

Врз основа на член 50 став 1 точка 9, од Законот за локалната самоуправа (Сл. весник на РМ бр. 05/02), a во врска со член 29, 30 и 38 од Законот за културата („Службен весник на РМ" број 31/98; 49/03; 82/05; 24/07; 116/10; 47/11; 51/11; 136/12; 23/13; 187/13, 44/14, 61/2015; 154/2015 и 39/2016), член 12 став 3 од Законот за библиотеките (Службен весник на РМ" број 66/2004, 89/2008, 116/2010, 51/2011, 88/2015, 152/2015 и 39/2016) и член 27 став 2 од Статутот на ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје, Градоначалникот на Град Скопје распишува 

ЈАВЕН КОНКУРС
За избор на директор на
ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје

1. Кандидатот за избор на директор на установата треба да ги исполнува следните услови:

1) да е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен на високо образование;
4) да има минимум пет години работно искуство во областа на културата;
5) да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода
, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво,
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен или
БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода;
6) да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

2. Покрај доказите за исполнување на горенаведените услови, кандидатите се должни да достават и:
Пријава со кратка биографија
Предлог - Програма за работа и развој на установата

3. Потребната документација кандидатите се должни да ја достават во оригинал или копија заверена на нотар.

4. Рокот за поднесување на потребна документација изнесува 8 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.

5. Ненавремената, некомплетната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување. Пријавите за Конкурсот се доставуваат на следната адреса:

Јавна установа Градска библиотека "Браќа Миладиновци - Управен одбор
(за конкурс)
Адреса на установата: ул. "Партизански одреди" бр. 22
1000 Скопје, Р. Македонија
Градоначалник на Град Скопје
Коце Трајановски