Платена пракса во АКСЕЛТРА

Платена пракса во АКСЕЛТРА

Друштво за информатички технологии АКСЕЛТРА отвора можност за пракса во областа на човечки ресурси.





Селекција на човечки ресурси во IT областа;
Изучување на техники за истражување, Headhunting;
Активна вклученост во процесот на регрутација за потребите на клиентите.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

-    Да се студенти на додипломски или постдипломски студии;
-    Предност имаат кандидатите од насоките по Менаџмент на човечки ресурси;
-    Ентузијасти за кариерен развој во областа на HR и Recruiting во IT сектор;
-    Да поседуваат одлични комуникациски и организациски способности;
-    Добро познавање на Microsoft Office;
-    Одлично познавање на англиски јазик;
-    Да се во можност за извршување на пракса од понеделник до петок, со работно време полно работно време.

Огласот се однесува на платена пракса со времетраење од три месеци.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на: jobs@axeltra.com и да го испратат своето CV со назнака “Internship program – HR Recruiter”.

Огласот е активен до 9 Септември 2016 година.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.

Веб-сајт од компанијата: axeltra.com