Сите го правиме ова движење на окото, без да бидеме свесни

Сите го правиме ова движење на окото, без да бидеме свесни

Подготвил: Светлана Петковска

Научниците идентификувале ново, поинакво движење на окото, што сите ние го правиме на дневна основа, но всушност не го ни забележуваме. Ова ново движење, што е сокриено со нашето постојано трепкање, помага во стабилизирање на сликите што ги перцепираме од “ресетирање“ на нашите очи откако се движат за да видат некој предмет. 

Мохамед Кхазали и неговиот тим од Универзитетот во Тибинген, Германија всушност не бараа да го откријат ова ново движење. Наместо тоа тие се обидуваа да видат дали несвесното движење наречено “torsional optokinetic nystagmus“ (tOKN) се случува синхронизирано со трепкањето. Движењето се случува кога едно лице следи ротирачки објект, што предизвикува окото да отскокнува во повеќе насоки, за да го следи движењето на објектот. Замислете како гледате во глобус што е во ротирање. Како што се движи очите го следат местото на глобусот, а потоа се враќаат во спротивната страна за да ја следат трагата повторно. 

За да отркијат дали ова се случува додека трепкаме тимот повикал 11 волонтери, на кои им поврзале мали жици во нивните рожници, а потоа следеа како нивните очи се извртуваа кога го следеа однесувањето на точките.


ново движење на окото

 

Тие претпоставуваа дека “tOKN“ често ќе ги “ресетира“ движењата на окото назад кон нивното оригинално место, за да се избегне напрегање на очните мускули. Но всушност тие открија дека овие “ресетирања“ за време на трепкањето биле несовршени, отстапувајќи од 3 до 8 степени, во зависност од предметот.  

Друга индикација дека надбљудувале нешто различно од “tOKN“ беше дека дури и со повторено “ресетирање“, очите продолжуваат да се завртуваат, додека мускулите го достигнале својот максимум. Во овој момент за време на трепкањето, тимот набљудуваше целосно “ресетирање“ назад до нормалната состојба. Движењето предизвика окото да се стабилизира, слично како видео камера што прави за да го задржи нивото на сликата.

“Најострата визија на окото е овозможена од страна на самото место на чувствутелната состојба од светлината на ретината наречена фовеа и тоа мора да остане избалансирана за да обезбеди објектот на интерест да биде прегледан на оптимален начин- објаснува Кхазали. 

Тие го нарекоа ова ново движење “blink-associated resetting movement“ (BARM) и открија дека тоа се случува кога лицето не ни гледа во објектот што се ротира, како што тоа е случај со “tOKN“ движењето.

Тие изјавија дека ова ново движење го редуцира износот на напор на очите и ни овозможува да гледаме на објектите на попрецизен и постабилен начин.

Резултатите од истражувањето исто така ни покажува колку важно е трепкањето на очите во нашиот секојдневен живот. Тимот научници вели дека трошиме околу една десетина од часовите кога сме будни на трепкање, без притоа да го забележуваме тоа.

“Да се открие ваков сеприсутен феномен во толку добро проучен дел од човековото тело, беше зачудувачки за нас, и ние сме многу благодарни на волонтерите, кои учествуваа во студијата“- истакнал Кхазали. 

Студијата на научниот тим беше објавена во списанието “
eLife“.