Стопанската комора на Македонија објавува оглас за вработување

Стопанската комора на Македонија објавува оглас за вработување

Врз основа на чл. 22 и 23 oд Законот за работните односи („Службен веснин на Република Македонија бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14, 20/2015, 33/2015, 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува

ОГЛ АС
за прием на работник на определено време

Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на еден извршител на определено време (три месеци), со можност за продолжување, за работно место келнер во Бифето на Стопанската комора на Македонија.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Средно угостителско образование;
Работно искуство на угостителски работи од најмалку 5 години;
Одлично познавање на работа со компјутер;
Прецизност, точност и посветеност на работата;
Развиени комуникациски вештини;
Способност за тимска работа;
Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

Работното време е 40 часа неделно (понеделникпеток). Работното време е клизно во периодот од 08:00 08:30 часот наутро до 16:00 16:30 часот попладне.

Основната нето плата изнесува 17. 955, 00 денари, месечно.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија со контакт податоци, копија од диплома за завршена ССС и доказ за работното искуство, на следната адреса:

Стопанска комора на Македонија
ул. „Димитрие Чуповски" бр. 13 - Скопје
или
наведените документи во скенирана форма на email:
ljupka@mchamber.mk
Контакт: Љупка Илиевска Самарџиска, тел: 02/ 3 244 018.

Рокот за пријавување е 10 работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Бр. 041561/1
29. 08. 2016 година
C к o п j е