Се сеќавате ли на вашата најдобра учителка?

Се сеќавате ли на вашата најдобра учителка?

Подготвил: Марта Димитров

Бил е 82-годишен вдовец кој неодамна стапил во контакт со PsychologyToday за да ја објави својата кратка приказна за важноста на наставниците, порака што објаснува зошто наставниците се модели и примери за цел живот.

учителка


„Нашите умови се убави инструменти. Сакам да видете како работата на која сте посветени може да вроди со резултати кои малкумина можат да ги замислат.“

Бил напишал и илустрирал приказна за деца за нилски коњ. Ја испратил приказната заедно со неколку оригинални цртежи, вклучително и слика од главниот лик. Вистинската приказна била за тоа како Бил ја перцепирал бесценетата и макотрпна улога на наставниците – библиотекарка од Сиетл во 1939 година му помагала на деца како Бил да го откријат креативниот гениј во нив.

Седумдесет и три години подоцна Бил се сеќава како госпоѓа Винерблад влијаела на неговиот живот: таа му помогнала да научи да наоѓа задоволство во книгите и да ги негува својата креативност и хумор. „Иако никогаш не бев добар студент, станав професионален уметник, дизајнер, инвентор и автор.“ По смртта на неговата сопруга на 45 години, тој учи како ја надминува болката за загубата: преку стимулирање на креативноста и манифестирање на истата во своите дела.

„Она што го учам е како создавањето уметност помага на умот да си ги залече раните. Исто така учам дека спојувањето на одредени зборови во текст го прави истото“ – вели Бил.

Колку наставници се запрашале за влијанието што го имаат на децата? Според многу истражувања, токму влијанието на долгорочното учење е нивната улога. Внатрешната мотивација се ослободува ако учениците се охрабрат да прашаат нивни прашања. Со ваквиот тип на прашања се развива животна способност за развој како личности и учесници во општеството.

Бил изјавил дека си поставува прашања како резултат на неговата едукација во детството. Децата не се само обични читатели. Тие постојано ја креираат личноста и човекот што ќе бидат како возрасни.