"Да го поздравиш и да ми го бациш" во МКЦ, ако имате повеќе од 16 години

Претставата се обидува да одговори на прашањата каков треба да биде тетатарот денес; неговото место во опшетството; местото на младинците во општетсвото во кое живееме



Три изведби на независната театарска претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија Билјана Радиноска се најавени во Џебното кино на Младинскиот културен центар во Скопје, на 3., 4. и 5. септември, а почуваат во 21 часот. Организаторите најавуваат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години. Бројот на билети е ограничен, а може да се купат само на билетарницата на МКЦ.

-  „Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себеостварување и соочување со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода - велат организаторите.
Во претставата играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска-Костовска. Претставата се обидува да одговори на прашањата каков треба да биде тетатарот денес; неговото место во опшетството; местото на младинците во општетсвото во кое живееме; емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното; слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“.

Плакатот за претставата е фотографска реплика од делото „Црвен Врисок“ на Ана Скјавело во соработка со Италијанката Ребека Море. Дизајнот е на Магдалена Дилевска, а монтажата на видео - на Драган Алексов. Претставата е во продикција на „Артопиа“.