Паркинг простор декориран од средношколци

Паркинг простор декориран од средношколци

Подготвил: Марта Димитров

Во Тексас и Флорида средношколците имаат повеќе можности за изразување на својата креативност. Имено, тие не само што можат да ги декорираат своите шкафчиња, туку имаат слобода да ги персонализираат своите паркинг-места. Оваа вест за брзо време се раширила по социјалните мрежи на интернет, а како доказ се и фотографиите што учениците ги поставувале.

шарен паркинг


Меди Бредли, која е и претседател на училишната заедница во едно средно училиште во Тексас, изјавила дека ова има многу поголема цел во нејзиното училиште од декорирањето. Местата и дозволата за декорирање на истите служат за собирање на средства за матурската.

„Му дозволуваме на секој да си го избере своето место и се услужува кој ќе дојде попрв,“ изјавила Меди. „Сите доаѓаат со нивните пријатели за да одберат места близу еден до друг! Ја имаме последната недела од летото за да сликаме. Сите ученици во завршна година доаѓаат и бојат и сé изгледа како голема забава на паркинг.“

Погледнете неколку од декорациите што средношколците ги споделиле на социјалната мрежа Твитер:

паркигн со порака

паркинг цртеж

паркинг хари потер

паркинг мотив

паркинг син