НАСА откри втора мини месечина околу Земјата

НАСА откри втора мини месечина околу Земјата

Подготвил: Б.Б.

Пред извесно време, НАСА  го објави  своето чудесно откритие  дека  околу  Земјата кружи и втора месечина речиси стотина години, без ништо да знаеме во врска со тоа.

Станува  збор за втора месечина чија големина е помала од првата. Всушност, многу поправилно е да ја нарекуваме астероид којшто залутал и ја променил својата орбита,  придружувајќи ѝ се на Земјата во патот низ вселената.

Втората “месечина” е откриена преку телескопот Пан-Старс 1 за истражување астероиди, лоциран кај Халекала, Хаваи.

Овој астероид беше незабележлив заради својата спорадична и необична патека на движење околу Земјата. Поставен под агол од 8 степени, астероидот  беше сметан за високо елиптичен и  со радиус на движење од 38 до 100  пати поголема во споредба со радиусот на нашата “прва” месечина.

Оваа месечина беше заведена како астероид 2016 Хо3  и  најверојатно е заробена во земјиното гравитационо поле пред околу стотина години. Дополнително, овој астероид својот пат околу сонцето го поминува  за период од 365,93 дена  што е незначително подолго во споредба со ротацијата на Земјата која изнсува 365,24 дена.

Со отклонување од 40 метри попречно и околу 100 метри во широчина, орбитата на овој астероид е многу тешка за  следење и истражување.  Токму  заради аголот, но и заради елипитчната орбита, во определени периоди кога се наоѓа на најмало растојание од сонцето, астероидот екстремно  ја зголемува брзината на движење во споредба со брзината на Земјата. Во спротивниот случај, кога се наоѓа на  најголемата оддалеченост,  брзината на движење на астероидот значително се успорува.

Истражувачите предвидуваат дека астероидот може да се приближи до Земјата на  максимални 14 милиони километри растојание и дека не може да отстапи од својата патека повеќе од 40 милиони километри.


Втора месечина околу Земјата.