Така растат деца полни со самодоверба

Така растат деца полни со самодоверба

Подготвил: А.Д.

Како да се поттикне самодовербата кај децата? За почеток, оставете ги децата да бидат деца.

Џејкоб Трембли

Карл Пикхард, психолог и автор на 15 книги за одгледување деца, вели дека дете на кое му недостасува самодоверба нема да има желба да проба нешто ново или да прифати предизвик, затоа што едноставно се плаши од неуспех и разочарување. Тоа пак, може нагативно да се одрази подоцна во животот и да го спречи да има успешна кариера.

„Непријатели на самодовербата се обесхрабрувањето и стравот“, вели Пикхард.

Психологот нуди неколку совети за тоа како да се одгледа дете што ќе биде полно со самодоверба:

- Цени го неговиот труд, без разлика дали губи или победува.

- Охрабри го да вежба за што и да е заинтересирано.

- Остави го детето само да ги воочи проблемите и да најде начин да ги реши.

- Остави го детето да биде дете.

Деца си играат

- Поттикнувај го љубопитството кај него. (Тоа значи дека треба да одговараш на неговите безбројни прашања)

- Поставувај му нови предизвици. Пример: Да научи да вози велосипед без помошни тркала.

- Отвори му го патот кон нови искуства (скијање на пример).

- Не му кажувај на детето дека си загрижен за него.

- Понуди своја помош, но без претерување. Премногу родителска помош наштетува на способноста за самопомош.

- За доброто на самодовербата кај детето, биди авторитетен, но не премногу строг.