Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?

Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?

Денес е четврток, 8 септември 2016 година, 252-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 18:58 часот. Денот ќе трае 12 часа и 56 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме облачно и магловито време, понекаде со намалена видливост и до 100 метри. Mедитеранскиот циклон носи нова облачна маса со врнежи од дожд кон Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови ќе биде умерено облачно време, а услови за сончеви периоди ќе има во источните и североисточните предели. Во претпладневните часови продор на влажна воздушна маса од југозапад која ќе донесе врнежи од дожд, кои во југозападните, западните и јужните предели ќе бидат поинтензивни, локално и до 30 литри. Во источните и североисточните предели се очекуваат сосема слаби локални врнежи. Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури 10 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 26 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе имаме претежно облачно и магловито време. Попладне со услови за врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 23 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови Македонија останува под влијание на поле на низок воздушен притисок но врнежите ќе бидат со многу послаб интензитет. Во петок облачно со врнежи од дожд и температури кои ќе се движат од 16 до 27 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со врнежи од доже и температури од 17 до 28 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните, северозападните и југозападните предели со врнежи од дожд. Максималните температури од 18 до 29 степени. Во понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло време , попладне во крајните западни предели со слаб локален дожд, температурите од 19 до 30 степени.

Weathr4all.com.mk