Одговорете на прашалникот и освојте студентска стипендија
Почитувани студенти,
Минатата година првата студентска стипендија ја доделивме на студентка од Економскиот факултет при УКИМ - Скопје. (Ни претставува особено задоволство, што и оваа година, на некој од Вас, ќе доделиме студентска стипендија!
ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ СТУДЕНТИ, ОД СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ И ФАКУЛТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Сè што треба да направите е:
- Да одговорите на неколку прашања од прашалникот на
линкот од објавата на нашата веб страната на Штедилница ФУЛМ најдоцна до 1 октомври 2016 година и
- Да присуствувате на прославата на Интернационалниот ден на кредитни унии, на 20 октомври 2016 година, кога ќе го објавиме и добитникот на студентската стипендија!
Студентската стипендија ја доделуваат: Здружението на граѓани ФУЛМ, Штедилница ФУЛМ ДОО - Скопје, член на Светскиот совет на кредитни унии (World Council of Credit union, Medison, USA) во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA).
Со почит,
Штедилница ФУЛМ