Се` она што сте го пребарувале на

Се` она што сте го пребарувале на "Google" можете да го погледнете овде

Подготвил: Тамара Гроздановски

Најголемите стравови на секој корисник на интернетот е да „фрли“ поглед во неговата историја на пребарувања на „Google“.

 

GOOGLE


Се чини дека и покрај тоа што ќе ја избришите вашата историја од пребарувачот, не е баш така - историјата останува и сега можете да ѕирнете што се' сте избришале. Прилично страшно, нели?

Се' она што сте го пребарале додека сте биле логирани од вашата „Gmail“ и „Google“ сметка сега можете да го погледнете ТУКА. Исто така можете да ја искористите функцијата за пребарување за да ја пребарате вашата сопствена пребарувачка историја за одредени спомени и клучни зборови.

Дури и можете да пребарате кои фотографии сте ги пребарувале, како и местата кои сте ги пребарувале на „Google Maps“. Исто така, можете и да ја преземете целата ваша пребарувачка историја.

 

google


За среќа, само вие можете да ја видите оваа информација и е прилично лесно да запрете да ги следите вашите пребарувања. На левата страна од страната ќе ја видите опцијата „Activity Controls“. После кликнување на ова, можете да го исклучите првиот слајдер на кој пишува „Web & App Activity“.