Терористичкиот напад 9/11 и прашањата кои остануваат и после 15 години

Терористичкиот напад 9/11 и прашањата кои остануваат и после 15 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

напад

 

Што се случи на 11 септември 2001 година?


19 лица киднапираа четири американски комерцијални авиони и ги урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, зградата на Пентагон во Вашингтон и област во Шанксвил, Пенсилванија.

Колку луѓе починаа и колку беа повредени?

Во терористичките напади загинаа вкупно 2.996 лица, а над 6.000 беа повредени, со што oва претставува најсмртоносниот терористички напад на американската почва. Ова го надмина и нападот на Перл Хаброр во 1941 година во кој загинале 2.403 лица.

Кој беше позади нападите и зошто?

Терористичката група Ал Каеда призна дека е позади нападите. Осама бин Ланден се смета за мотиватор на киднаперите, и неговата изјава за света војна против Америка. 15 од 19 киднапери биле од Саудиска Арабија, а остатокот потекнувал од Обединетите Арапски Емирати, Египет и Либан. Некои од нив живееле во Европа и биле во можност да се асимилираат во  Америка.

Што беше Светскиот трговски центар? За што се користеше пред 9/11?

Светскиот трговски центар беше комплекс од седум згради кој се наоѓаше во Менхетен и се користеше како канцелариски и трговски простор. Во времето на завршувањето на изградбата, во 1970-тите, кулите близначки биле највисоките згради во светот.

 

2


Дали Светскиот трговски центар и претходно бил цел на нападите?

Да. Во 1993 година, терористите детонирале камион-бомба во подземната гаража под комплексот на Светскиот трговски центар. Експлозијата уништи седум ката нагоре, загинаа 6 лица, а повеќе од 1.000 беа повредени. Но кулите останале. Подоцна ФБИ уапси неколку исламски терористи одговорни за нападот.

Дали Америка беше фатена неподготвена од нападот или интелигенцијата знаела дека следуваат напади?

Се случија неколку инциденти кои доведоа до нападите на 9/11, и кои наговестуваа дека ќе се случи поголем напад, вклучувајќи гkо и нападот од 1993 врз Светскиот трговски центар, бомбашките напади на американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година и нападот во 2000 над „USS Cole“ во Јемен. ЦИА дури и ги следела некои од терористите и сметала дека се потенцијални закани, но властите никогаш не делувале.

Како киднаперите управувале со авионите? И како патниците на летот кој се урна во Шанксвил, Пенсилванија, успеале да ги совладаат?


Киднаперите влегле во пилотските кабини на сите четири авиони и го убиле или покориле екипажот. Патниците на летот 93, на „United Airlines“ успеале да влезат во пилотската кабина каде биле киднаперите кои управувале со авионот. Целта на авионот била Белата Куќа или зградата Капитол.

Помалку од еден месец после нападите, Америка и нејзините сојузници го окупирале Авганистан. Зошто?

Ал Каеда, заштитена од Талибанците, исламистичко фундаменталистичко политичко движење кое доминирало во Авганистан од 1996 до 2001 година, изјави дека е одговорно за нападите во Америка. Тогашниот претседател Џорџ Буш, со поддршка од Конгресот, наредил целосна воена инвазија на Авганистан за да се уништи Ал Каеда и да се тргнат Талибанците од власт.

Како сето ова ја одведе Америка во војна со Ирак? Која беше улогата на „оружјето за масовно уништување“?


Во пресрет на нападите од 9/11, администрацијата на Буш добила информации за тоа дека Ирак има оружје за масовно уништување, поточно мобилни лаборатории за биолошко оружје иако никогаш не биле пронајдени.

 

3


Колку време беше потребно да се пронајде Осама бин Ладен?

На Америка ѝ беа потребни 10 години за да го пронајде и убие бин Ладен, и покрај тоа што биле понудени 25 милиони долари за неговата глава. На 2 мај 2011 година, тимот на „Navy Seals“ успеал да направи рација во Аботабад, Пакистан, убивајќи ги Осама бин Ладен и неколку негови телохранители.

Што има на местото на некогашниот Светски трговски центар, Пентагон и Шанксвил?

На местото на Светскиот трговски центар сега се наоѓа Националниот меморијал и музеј септември 11, а планирани се и други облакодери и објекти. Во Пентагон, отворен е споменик на местото каде „American Airlines“ лет 77 удри во зградата, а внатре има споменик во чест на жртвите на нападот. Во Шанксвил, Пенсилванија, има споменик на отворено поле во чест на патниците кои успеале да им се спротивстават на терористите.

Како Америка се промени после нападите?

Нападите во голема мера го зголеми фокусот на владата врз тероризмот, не само во Америка туку и во целиот свет. Одделот за домашна безбедност во Америка бил создаден за да се координираат напорите меѓу безбедносните агенции, а нагло се зголеми и соработката меѓу разузнавачките агенции низ светот.

Дали би можел да се случи сличен напад во Америка денес?

Не е невозможно, но малку веројатно. Подобрената размена на разузнавачки информации меѓу безбедносните служби на Америка и меѓу нациите го зголеми вниманието на терористичките групи, и што е најважно, зголемената соработка на Америка со муслиманските заедници направи потешко да се предизвика некаков терористички напад. 15 години после нападите, 94 луѓе загинаа во џихадистичките терористички напади на американска почва - далеку помалку од оние загинати во сообраќајни несреќи, срцеви заболувања или случајно испукување на пиштол.