Казнети затоа што им помагале на бегалци

Казнети затоа што им помагале на бегалци

Подготвил: A.Д.

230 Данци кои им пружиле помош на бегалци на суд се обвинети за криумчарење на луѓе.

Бегалци низ Данска

Данците им овозможиле превоз на исцрпените луѓе на патот до Шведска.

„Целата ситуација беше едноставно неверојатна. Семејства бегалци минуваа низ Данска, ги прашав дали нешто им треба, а тие сакаа само едно - да продолжат кон Шведска. Тогаш се понудив да ги превезам до железничка станица“, изјавил еден од казнетите.

Казнетите тврдат дека дејствувале со најдобри намери, без никаква корист.

Данскиот закон не разликува пружање помош од криумчарење, а казните се движат од 6.000 евра глоба до 2 години затвор, бележи Дојче Веле.

Најинтересно во целата приказна е што луѓето кои ја одобруваат постапката на казнетите, се организираат и собираат пари за казните. Некои од казнетите пак велат дека пак би го направиле истото, затоа што сметаат дека тоа е единствено исправно.