Што откри Проектот за човечкиот геном? - рецензија од Адам Радерфорд

Што откри Проектот за човечкиот геном? - рецензија од Адам Радерфорд

Подготвил: Тамара Гроздановски

Пред 16 години, британскиот истражувач Иван Бирнеј започнал необичен облог. Во тоа време, научниците го завршувале Проектот за човечкиот геном, меѓународен напор за откривање на генетскиот состав на човечките суштества.

 

наука


Меѓутоа, Бирнеј постојано се запрашувал, после завршувањето на проектот, колку индивидуални човечки гени ќе бидат откриени? Затоа тој побарал од најголемите генетичари во светот да дадат залог по еден долар за резултатот.

Ова се чини прилично слабо прашање, со оглед на тоа што проектот веќе консумирал најдобар дел од една деценија, пронаоѓање на нови технологии, голема компјутерска моќ и 3 милијарди долари. Сепак, прашањето на Бирнеј предизвикало зачудвачки одговор

Вкупно 460 генетичари, вклучувајќи и неколку добитници на Нобелова награда, ги кажале нивните предвидувања. Некои од нив верувале дека проектот ќе прикаже дека луѓето имаат до 250.000 гени. Впрочем, ние сме исклучително сложени суштества. Секако мора да имаме голем број на гени за контрола на производството на протеини од кои се направени нашите густо поврзани нервни кола. Другите истражувачи предвиделе дека имаме околу 150.000 гени, додека повеќето се одлучиле за 70.000. Бирнеј избрал дека имаме 48.000, а најниското предвидување го дал американскиот генетичар Ли Роуен - 25.947.

Во 2003 година Проектот за човечкиот геном ја откри вистинската бројка - околу 20.000 гени. „Најдобрите експерти во светот беа во вистинска заблуда. И не само малку“, пишува Радерфорд.

Луѓето имаат помалку гени од едeн нематод. Или банана. Или зрно ориз. Сепак, научниците не можеа да откријат зошто гените кај човекот се толку слаби. „Најголемото достигнување на Проектот за човечкиот геном беше колку малку знаеме“, пишува Радерфорд.

Ова е добра фраза и типична за овие лекции кои се'уште ги учиме од проектот. Не постои бомбастичен поглед на светот трансформиран од модерната генетика или револуциски терапии врз основа на гените. Оваа книга ги нагласува раниците на она што гените можат да го кажат за нас или тоа што не' прават да бидеме ние. Да, тие помогнаа да се разберат причините на болестите. „Но бројот на болести кои се искоренети како резултат на нашето познавање на гените? Нула!“, вели Радерфорд.

Ваквите достигнувања несомнено се случуваат во долг рок. Сепак, целта на Радерфорд е да донесе реализам во предметот без губење на чувство за новите биолошки визии. Откривме дека современиот човек некогаш се вкрстувал, иако накратко, со нашите претходници неандерталците. „Генетиката покажа дека луѓето се различни и овие разлики се групираат според географијата и културата, но не на начин кој се усогласува со традиционалните концепти на човечките раси“.

За Ратерфорд, модерната генетика има далеку помалку да каже за нас како индивидуалисти отколку што сме наведени да веруваме. Од друга страна, тој е убеден дека тврди голем увид за нас како видови. Демонстрирањето на овие различни концепти не е лесно.