Октоберфест по 183-ти пат

Октоберфест по 183-ти пат

Подготвил: А.Д.

Најголемиот фестивал на пивото годинава се одржува од 17-ти септември до 3-ти октомври. Презентирана е официјалната кригла со нов и уникатен дизајн, а ќе има и нови безбедносни мерки на Октоберфест.

Годинава по 183-ти пат пивопиитие ќе се соберат во Минхен и ќе пијат пиво од кригли дизајнирани од студенти по уметност од Akademie U5.

Криглите изгледаат вака:

Кригли за Октоберфест

Според новиот концепт на обезбедување на фестивалот, годинава ќе има безбедносна ограда, а ќе биде забрането туристите да носат ранци и големи торби, ќе се врши соодветна проверка на сите влезови и никој нема да може да влезе на фестивалот без проверка. За време на најголемите гужви на должност ќе бидат до 450 лица од обезбедување.

"Со изменетите мерки на безбедност, ние реагираме на неодамнешните настани без промена на основниот карактер на Октоберфест", изјавил градоначалникот Јозеф Шмит.

За дамите, предлог фризури за на Октоберфест:

Фризура за Октоберфест

Фризура

Девојка со цвето венче

Русокоса

Дама со шешир

Сè за Октоберфест 2016-та