Kонкурс за учесници - обуки за вештини за млади

Kонкурс за учесници - обуки за вештини за млади

Младински образовен форум [МОФ] во соработка со Институт за европска политика [ЕПИ] отовра повик за учесници обуки за вештини за млади во склоп на  проектот Градење на следната генерација на млади лидери (Building the next generation of youth leaders) кои ќе се спроведуваат во Скопје во периодот од 29ти октомври до 18ти декември 2016. Ќе се реализираат два различни циклуси на обуки: Циклус обуки за претприемништво и Циклус обуки за граѓанска ангажираност, а секој апликант може да аплицира на еден од двата циклуси. Обуките се дводневни и ќе се реализираат за време на викендите.




Циклусот на обуки за претприемништво се состои од следните модули:

1. Kомуникациски вештини и односи со јавност
2. Претприемништво и пишување на бизнис план
3. Водење и растење на бизнис
4. Тимска работа, лидерство и мотивација
5. Маркетинг и оналјн маркетинг
6. Стартапи и нови бизнис иновативни технологии


Циклусот на обуки за граѓанска ангажираност се состои од следните модули:

1. Аргументирано изразување и дебата
2. Управување со проектен циклус
3. Водење на НВО и развој на проекти
4. Истражување, мониторинг и евалуација
5. Организација на настани
6. Младински активизам и граѓански иницијатви


За учество апликантите треба да ги исполат следните услови:

•    Да се невработени и да се во потрага по работа;
•    Да се апсолвенти или дипломирани на возраст од 21 до 26 години;
•    Да покажуваат интерес за создавање на старт-ап, започнување на бизнис, креирање на граѓански иницијативи или вклучување во идните активности поддржани од проектот. Да покажуваат интерес, разбирање и решавање на клучни младински проблеми на локално и национално ниво;
•    Да се во можност да ги посетат сите шест обуки од избраната трака.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 30ти септември, 2016 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk. Апликацијата може да се преземе од следниот линк.

Бројот на учесници е ограничен. Изборот на учесници ќе го врши комисија составена од претставници на Младински образовен форум и Институт за европска политика. Предност ќе им биде дадена на апликантите кои се високо општествено ангажирани. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни тренери од Младински образовен форум, Институт за европска политика и нивни партнерски организации. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат.
Низ програмата учесниците ќе се групираат во тимови и ќе имаат можност да аплицираат со предлог бизнис план или предлог проект за граѓанска иницијатива. Најдобрите три предлог – концепти ќе бидат реализирани до јуни 2017 година со менторство од искусни професионалци во бизис секторот и граѓанскиот сектор.

Обуките се овозможени со поддршка на Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

Контактирајте за повеќе информации:
obuki@mof.org.mk  02/3139 692
Лице за контакт: Бојана Низамовска