Заблуди поврзани со наставниците во кои веруваат луѓето

Заблуди поврзани со наставниците во кои веруваат луѓето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Голем дел од луѓето имаат погрешна идеја за наставниците и што тие работат. Се чини дека повеќето луѓе мислат дека професијата наставник не доаѓа со многу стрес, со оглед на тоа што наставниците имаат доста слободно време во текот на летото, а и не работат целосно работно време.

 

заблуди


Меѓутоа, тука се тие за да ги негираат сите овие заблуди кои ги имате во врска со нивната професија.

Наставниците имаат кратко работно време


Воопшто не е вистина. Иако можеби ќе имаат околу 4-5 часа во текот на денот, сепак наставниците остануваат на работа со оглед на тоа што имаат дополнителни административни обврски како и подготовки за наредните часови.

Наставниците имаат слободно лето


Иако ова е вистина, повеќето наставници поголемиот дел од летните денови ги поминуваат планирајќи, купувајќи и подготвувајќи се за претстојната учебна година.

Единствената работа на наставникот е да предава

Само 40% од она што наставниците го работат се случува во училницата. Другите 60% припаѓаат на подготовка и планирање на часовите, административни работи, оценување тестови, прегледување домашни задачи, прегледување семинарски, разговори со родители, меилови од родители, дополнителна помош за учениците како и учество во различни настани и семинари.

Наставниците се одлучуваат за оваа професија поради „лесниот распоред“

Напротив, наставниците имаат еден од најлошите распореди за работа особено кога ќе земете во предвид дека еден час може да им биде во 7 часот наутро, а друг во 12 часот попладне.

Воопшто не се грижат

Тука луѓето многу грешат - наставниците си легнуваат со помислата за нивните ученици и како тие можат да се подобрат за нив и да го извлечат најдоброто од нив.

Не прават ништо по цел ден

Грижата за 30 деца кои имаат академски, емоционални и социјални потреби не може да се нарече ништо. Тие мораат да бидат наставници, родители и пријатели за секое дете. Згора на тоа, имаат дополнителни пополнувања на документи, постојано се под надзор на инспекции, притисоци, оценувања...

Се' што предаваат веќе е подготвено за нив

Луѓето не сфаќаат дека голем дел од лекциите наставниците ги подготвуваат буквално од нула. Често пати нема наставна програма соодветна за учениците, па така наставниците треба да смислуваат наставни планови и да создаваат нови секој ден. А за секој наставен план потребни се неколку часа за подготвување.

Лесно е бидејќи само разговараат со децата

За тие деца наставниците се родители, советници, пријатели - и други разни улоги кои не се многу познати за голем дел од наставниците, но сепак треба да се снајдат и да ја извршат најдобро што можат.