Имот и вработување за секој што ќе се досели во мало гратче во Канада

Имот и вработување за секој што ќе се досели во мало гратче во Канада

Подготвил: М.П.

Кејп Бретон е мало островче на источниот крај од Нова Скотија. Сите годишни времиња се застапени, а популацијата е под 150 илјади жители. Традиционално, мало место, каде што има една основна и најопремена пекара и маркет. Овој природен „рај на земјата“ планирано е да се шири. Има се што е потребно, освен доволно луѓе. 

 

 

 

Сите локални жители кои биле квалификувани за работа во продавницата, се вработени. Но, не се доволни. На својата фејсбук страница, тие објавиле повик за вработување, односно за сите оние кои ќе сакаат да се преселат во ова место и се квалификувани за работа во маркетот, ќе им биде понуден имот и вработување.

Сепак, оваа понуда важи за оние кои имаат легално право да работат во Канада, но тоа не значи дека странците не можат да аплицираат, доколку ја средат документацијата за потребната дозвола.

Повеќе информации за оваа можност може да се добие на Фејсбук страницата на работодавачот на следниот линк.