Какво време да очекуваме на почетокот на оваа недела?

Какво време да очекуваме на почетокот на оваа недела?



Денес е понеделник, 19 септември 2016 година, 263-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:13, а ќе зајде во 18:39 часот. Денот ќе трае 12 часа и 25 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме претежно облачно време а во југозападните предели има и локални врнежи од дожд, кои ќе се придвижуваат кон југ и југоисток.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува умерено облачно и нестабилно време со услови за врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен југозападен и јужен ветер, но и посвежо време со пад на дневните температури. По утринските врнежи во претпладневните часови ќе постојат и услови за сончеви периоди, попладне нов бран на врнежи насекаде над Македонија. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и посвежо време. Ќе дува доумерен засилен југозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 26 степени. УВ индекс 2.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА – Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо време. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни до 14 односно до 25 степени. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и температури од 12 до 23 степени. Во четврток исто така умерено облачно време со сончеви периоди, но сончевите период ќе траат малку подолго и затоа ќе имаме малку повисоки дневни температури кои ќе достигнат до 13 односно до 24 степени.