Победниците на Еми наградите 2016 година

Победниците на Еми наградите 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Мегапопуларната „Game of thrones“ забележа историска ноќ и освои Еми награда за најдобра драмска серија. Ова ѝ беше 38-та Еми награда на серијата во текот на годините.

 

еми награди


За најдобра серија во жанрот комедија беше избрана „Veep“, додека најдобар мини серија или филм беше избрана „“The People v. O. J. Simpson: American Crime Story“. Еми наградата за најдобар ТВ филм отиде кај „Sherlock: The Abominable Bride (Masterpiece)”.

За најдобар актер во хумористична серија беше избран Џефри Тамбор за „Transparent“, додека за најдобар актер во драма Еми наградата ја доби Рами Малек за „Mr.Robot“. За најдобра актерка во хумористична серија беше избрана Џулија Луис-Дрејфус за „Selina Meyer“, а наградата за најдобра актерка во драма ѝ припадна на Татјана Масланеј за „Orphan Black“.

 

Околу 19.000 членови на Академијата за телевизија имаа период од две недели во текот на јуни да изберат помеѓу повеќе од 8.000 номинации на ТВ серии, емитувани во текот на изминатите 12 месеци, а вториот круг за гласање се одржа од 15 до 29 август. 


Останатите добитници можете да ги погледнете ТУКА.