Работи со кои никогаш не треба да се фалиш по социјални медиуми

Работи со кои никогаш не треба да се фалиш по социјални медиуми

Подготвил: A.Д.

Споделувањето на секакви работи по социјалните медиуми е тренд, ин... ОК, се разбираме. Но, и секој треба да разбере дека некои работи едноставно не треба да се најдат по социјалните медиуми.

Од TIME Money доаѓа совет кои три работи човек никогаш не треба да ги сподели по социјалните медиуми, ако сака да го заштити својот идентитет.

Бординг пас

1. Возачка дозвола

На неа има фотографија, датум на раѓање и адресата на корисникот. Што би се рекло - сонот на секој крадец на идентитети.

2. Маршрута на патување или бординг пас
Ај што на многумина не им е мило да гледаат постови од авионски билети за Барселона додека тие се потат во канцеларија, туку со споделување на информации дека некој не е дома, им се олеснува работата на провалници. Плус, на бординг пасот има доста сензитивни информации (лични податоци, дестинација, последните четири цифри од кредитната картичка), заради што не е препорачливо да се фотографира и објави по социјални медиуми ниту делче од документот.

3.Банкарски податоци
Повеќе од очигледно е дека вакви податоци не се за онлајн. На пример, во 2014-та од CNN Money известуваа дека криминалци го пребарувале хаштагот #myfirstpaycheck за да дојдат до податоци и детали и да креираат лажни чекови.