Турција со недостиг од 130.000 наставници ја започна новата учебна година

Турција со недостиг од 130.000 наставници ја започна новата учебна година

Многу наставници се отстранети од наставата, бидејќи се обвинети за поддршка на опозицијата. Синдикатот во образованието тврди дека во државата во моментот недостигаат 130 илјади наставници. Во Дијарбекир недостигаат повеќе од 4 илјади наставници. Најмногу, 27 илјади недостигаат во Истанбул, пренесува „Џумхуриет“



Околу 130.000 наставници недостигаат во Турција, по апсењата во изминатиоте месеци, пренесуваат турските весници. Денеска почнува новата учебна година во оваа земја за околу 18,5 милиони ученици и за 900 илјади наставници. Турскит печат денеска е поделен. Додека про-опозициските медиуми информираат за огромните проблеми со кои се соочува државата поради недостигот од наставници, провладините проповедаат дека новата учебна година почнува без кадрите на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини за обид за пуч.

Весникот „Џумхуриет“ пренесува дека учебната 2016-2017 година почнува со голем број проблеми.

- Многу наставници се отстранети од наставата, бидејќи се обвинети за поддршка на опозицијата. Синдикатот во образованието тврди дека во државата во моментот недостигаат 130 илјади наставници. Во Дијарбекир недостигаат повеќе од 4 илјади наставници. Најмногу, 27 илјади недостигаат во Истанбул - пренесува „Џумхуриет“.

Според „Евренсел“, во ниовата учебна година 1,5 милиони ученици ќе останат без наставници.

Провладините медиуми, пак, пренесуваат дека на почетокот на учебната година во училиштата ќе бидат организирани иницијативи под мотото „Победа на демократијата и помен за загинатите херои на 15 јули“. Во училиштата ќе бидат поделени брошури за случувањата од 15 јули кога во државата имаше обид за пуч. Провладиниот „Стар“ пренесува дека новата учебна година почнува без 55 илјади наставници, а дел од нив биле во наставниот процес повеќе од половина век.

- Со таа чистка во образованието одново се служи само на волјата на народот - пишува „Стар“.

Главен наслов на весникот „Ајданлак“ е дека од денеска седумгодишните ученици во второ одделение задолжително ќе учат арапски јазик. Теми на овој предмет ќе бидат: „Ја сакам религијата“, „Го сакам пророкот“ и слично.

За разлика од нив, про-опозициските пренесуваат: „Тешка година за образованието“, „Новата учебна година одново со скандали“, „Вонредна осстојба во системот за образование“.