Убиецот на Џон Ленон со нови признанија

Убиецот на Џон Ленон со нови признанија

Подготвил: Марта Димитров

Марк Дејвид Чапман, убиецот на Џон Ленон, неодамна изнел нови детали за смртта на легендарниот пејач и гитарист. Тој изјавил дека на денот кога го извршил убиството, зачувал еден куршум и за себе, но бил преголема кукавица за да си го одземе животот.

џон ленон и убиецот


Според изјавите на Марк кој досега девет пати поднесувал жалба за условна казна, единствениот мотив за делото била неговата желба да стане славен како што објавува Њујорк Пост. Тој раскажувал и за средба со Џон Ленон што се случила на 8 декември 1980 пред неговата куќа:

„Излезе од куќата, а ова е дел за кој најмногу жалам: во раката држев пенкало и неговиот албум, и преправајќи се дека сум фан го замолив за автограм. Не се брзаше, ме праша дали сакам уште нешто. Жена му излезе со него и чекаше во лимузината. На тоа често се навраќам – колку беше љубезен кон тотални странци. Го потпиша албумот и влезе во лимузината.“

Чампан се вратил во зградата и во 10:50 пукал во Џон Ленон четири пати пред неговата сопруга Јоко Оно. Ја дочекал полицијата на местото на убиството додека во рака ја носел книгата „Ловец во жито“. Тој додал дека на крај почнал да зборува сам со себе и се молел некако да ја заврти ситуацијата, но не успеал тоа да го стори.

„Освен тоа, немав никакви чувства за син му и жена му. Бев опседнат со тоа да пукам со што би станал некој“, признал тој.

Следната жалба 61-годишниот обвинет ќе има право да ја поднесе по 2 години.