Колку чини пат околу светот?

Колку чини пат околу светот?

Подготвил: А.Д.

Светски патници откриваат конкретни суми.

Глобус во дланка

На Reddit беше поставено прашањето колку навистина се троши за пат низ светот, a неколку патниците во дискусијата на Reddit излегоа со конкретни бројки.

Американец кој патувал 333 дена од Калифорнија низ Европа до Азија и Австралија, па се вратил преку Јужна Америка, вели дека со девојка му поминал низ 26 земји, за што потрошиле по околу 20.000 долари од човек. Во сумата биле вклучени и летовите и трошоците за подготовка, како купување опреми, лаптопи и слично.

Еден пар пак патувал низ Азија и Европа за околу 175 долари дневно, додека друга двојка на ден трошела по 31 долар и 45 центи.

„Патувам со девојка ми без прекин последниве две години. Изминатава година излегува дека сме трошеле по 31 долар и 45 центи дневно, вклучително и летови, возови, хотели, храна... сè. Не штедиме, јадеме во ресторани, преспиваме во хотели со две или три ѕвезди. Но, затоа паметно користиме бесплатни авионски милји, следиме поволни понуди за сместување, преспиваме кај луѓе и посетуваме поволни локации“, објаснил снаодлив патник.

Маж качен на карпа

Некои од светските патници додека шетаат по светот и работат - некои како помошници за одредени работи во местата каде отседнуваат, а некои работат по струка, каков што е случајот со еден програмер. Програмерот успева 10 до 15 часа неделно да работи од хотелска соба, воз, авион, па дури и од плажа.

„Мојата сопруга има 31, а јас 32 години. Заштедивме за пат, а имаме и хонорарна работа од која солидно заработуваме. Пред да тргнеме на пат имав добро платена работа. Двајцата сметаме дека собирање искуства е подобро од собирање на пари и затоа кога нешто ќе ни се види интересно, го правиме“, рекол мажот кој со сопругата патува за околу 175 долари дневно.

Патник пак кој 6 месеци шетал по светот во 2008-ма потрошил 25.000 долари. Бил во Африка, Блискиот Исток, Европа, југоисточна Азија, Нов Зеланд. Можеше, вели патникот, да поминам поевтино, но не штедев. Тој истакнува дека со наведената сума не би сакал да обесхрабри никој кој има намера да се впушти во слична авантура, а нема толку многу пари.

На крајот излегува дека патувањето околу светот се сведува на она „добиваш онолку колку што си подготвен да платиш“.