Временска прогноза: Променливо со температурни осцилации

Временска прогноза: Променливо со температурни осцилации

Денес е среда, 21 септември 2016 година, 265-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:15, а ќе зајде во 18:35 часот. Денот ќе трае 12 часа и 20 минути.



Ова утро имаме претежно облачно и свежо време. Во источните предели има намалена облачност и услови за сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, свежо и ветровито време. Попладне зголемување на облачноста која ќе услови слаби врнежи од дожд прво во западните, северозападните и југозападните предели во доцните попладневни часови а во вечерните часови и во североисточните, источните предели. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо време. Попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 21 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови во Македонија се очекува стабилизација на времето, што се однесува до врнежите од дожд, но Ц. Во четврток претпладне умерено облачно, попладне намалување на облачноста, ветровито и температури од 15 до 26 степени. Во петок и сабота студено утро со утрински температури кои ќе се движат од 1 до 10 степени, во текот на денот сончево и потопло време со дневни температури од 16 до 27 степени во петок, односно од 17 до 27 степени во сабота. Во недела претежно сончево со локална облачност, пораст на утринските температури, а максималните ќе се движат од 17 до 27 степени.

weather4all.com.mk