Дали ЕУ ќе преживее политичка смрт на Меркел?

Дали ЕУ ќе преживее политичка смрт на Меркел?

Подготвил: А.Д.

Од 2010-та Меркел е главна сила за одржување на Европскиот проект.

Германската канцеларка

Секој кој се сомнева дека доминантната политичка позиција на г-ѓа Меркел ќе ни недостига во годината што следи, треба да има предвид дека на Европа ќе и` треба многу силен лидер за да избегне “тежок“ Брегзит, да го диригира реструктуирањето на грчкиот јавен долг и да ја спасува беспомошната италијанска економија, ако е потребно.

Иако е рано да се каже дали резултатите (од локалните избори) навестуваат дека Меркел не се залага за нов мандат за канцелар следната година, не е рано да се каже дека нејзината доминантна позиција во европската политика ќе биде сериозно доведена во прашање.

Некој ќе жали што политичката позиција на Меркел е намалена во така деликатен период за Европскиот проект. Посебно што од почетокот на европската должничка криза во 2010-та таа беше главна сила за одржување на Европскиот проект. Таа успеа во тоа со постигнување консензус за пакети мерки за спас во Брисел и со привлекување поддршка за овие мерки дома во Бундестагот.

Не би било претерување ако се каже дека иднината на Европскиот проект никогаш повеќе од сега не била под знак прашалник.

...Би сметале дека за успешно справување со сите овие предизвици (Брегзит, Грција, Италија) ќе биде потребен таков тип на лидерство каков што Меркел овозможи во минатото. Заради истата причина, треба да се надеваме дека проблемите на Меркел се само минлива фаза.


Пишува Дезмонд Лахман
цел текст