Најпаметните луѓе на сите времиња

Најпаметните луѓе на сите времиња

Подготвил: Марта Димитров

Интелигенцијата може да се мери на многу начини. Некои веруваат во IQ тестови, некои во емоционална интелигенција. Можеби достигнувањата се исто така мерило за неа. Интелигенцијата сама по себе е различна од тоа да се креира нешто што е придонес за светот.

паметни луѓе


Многу интелигентни личности не го искористиле својот потенцијал поради предрасуди или недостаток на можности. IQ тестирањето е развиено во почетокот на 20 век, кога и се направиле студии за претпоставки на гении во минатото.

1. Вилијам Сидис, американско чудо од дете, се претпоставува дека имал 250-300 IQ, можеби највисокиот што постои. Имал неверојатни способности за математика, влегол во Харвард на 11 години и се вели дека знаел 40 јазици, но не успеал да го реализира понатаму својот потенцијал.
2. Џуди Полгар, Унгарска шахистка, позната е како најсилниот женски играч на сите времиња која го скршила рекордот на шампионот Боби Фишер на само 15 години. Се смета дека има IQ 170.
3. Филип Емегвали е инвентор и научник од Нигерија со IQ со вредност 190 и се смета за наголемиот африкански научник на сите времиња.
4. Теренс Тао од Кина било чудо од дете со IQ во вредност од 220-230. Моментално е професор по математика на Универзитетот ULCA.
5. Клеопатра владеела со Египет околу 30 години. Течно зборувала 5 јазици и имала IQ со вредност 180.
6. Гари Каспаров е Ерменец-Евреин кој се смета за најдобриот шахист на сите времиња и имал IQ 190.
7. Волтер е водечка фигура во француското просветителство, вешт писател, историчар и филозоф. Имал IQ од 190 до 200.
8. Јохан Гете исто така се наоѓа на оваа листа со своите достигнувања во литературата. Се смета дека имал IQ 213.
9. Галилео Галилеј има свој придонес во повеќе области, но најпознат е по теоријата дека Земјата се врти околу Сонцето. Неговиот IQ бил од 180-200.
10. Готфрид Лајбниц, германски филозоф и математичар, познат по теоријата дека овој свет е најдобар од сите можни светови, имал коефициент на интелигенција од 182 до 205.

Други познати личности што се наоѓаат на оваа листа се и Никола Тесла со IQ 195, Марија Кири со IQ 180-200, Алберт Ајнштајн со IQ 160-190, Вилијам Шекспир со IQ 210, Платон и Аристотел со IQ околу 180-190 секој поединечно, Исак Њутн со IQ 193 и Леонардо да Винчи со IQ 200.