Времето до крајот на неделата

Времето до крајот на неделата

Денес на 22.09.2016 година четврток во 10 часот и 21 мин на северната хемисфера и календарски започнува есента, која ќе трае се до 21 декември до 5 часот и 44 минути кога и календарски ќе започне зимата.

Денес е четврток, 22 септември 2016 година, 266-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:16, а ќе зајде во 18:34 часот. Денот ќе трае 12 часа и 17 минути.

И овој ден го започнуваме со претежно облачно, свежо и ветровито време. Во утринските часови само во крајните источни предели имаме намалена облачност која што ни носи и пониски утрински температури.

МАКЕДОНИЈА - Денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Во попладневните часови разведрување и намалување на облачноста. Само во Дебарскиот и Охридско-Преспанскиот регион ќе биде умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден но и со можност за сосема слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 5до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 25 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно, попладне намалување на облачноста и со сончеви периоди. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 21 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок и сабота не очекува сончево и стабилно време но со голем пад на утринските температури, додека пак максималните ќе бидат во благ пораст. Во петок утринските од 1 до 10 степени, а дневните од 16 до 25 степени, додека пак во сабота утринските од 2 до 11 степени, а максималните од 18 до 27 степени. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и повисоки утрински температури кои ќе се движат од 4 до 13 степени, а максималните од 16 до 25 степени. Во понеделник во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 17 до 26 степени.

Weather4all.com.mk