Колку километри ќе помине автомобилот со предупредувањето за празен резервоар?

Колку километри ќе помине автомобилот со предупредувањето за празен резервоар?

Подготвил: Марта Димитров

На сите возачи им е познато светлото на контролната табла на автомобилот за предупредување дека автомобилот има мала количина на гориво. Штом стрелката стигне под ознаката „Е“, зависно од автомобилот што го поседувате, може да дојдете одвај до најблиската бензинска пумпа или пак безбедно да пристигнете дома.

стрелка за гориво


YourMechanic
креира детална табела за овој проблем, односно што тој значи за различни модели. Возачите на Мерцедес може да поминат и до 120 километри откако светлото предупредило дека резервоарот е празен.

Ако вашиот автомобил може да го возите и со навидум празен резервоар, не значи дека треба да ја искористите и последната капка гориво . Колку повеќе трошите под минимум, толку е поголем ризикот да ја прегорите пумпата. Табелата имајте ја на ум само во итни ситуации.


останато гориво