Лет од $21.000

Лет од $21.000

Подготвил: А.Д.

„Кога ќе помислам на најубавите денови во животот, мислам на деновите кога ми се родија децата и на денот кога добив бесплатен лет со прва класа“, раскажува јутјуберот Кејси Неистат кој со Emirates Airlines леташе од Дубаи до Њујорк.

Стјуардеса мести кревет

Кејси својот најлуксузен лет го овековечил во видео. Како што објаснува, летот вредел за сите пари - седиште со џиновски телевизор на допир, личен бар, фенси крема за лице и услуга со пет ѕвездички.

Во видеото, во моментот кога Кејси сака своето седиште да го расклопи како кревет, стјуардеса инсистира таа да го стори тоа место него.

Сета храна на авионот за прва класа се правела по нарачка, а има и огромна бања со туш што може да се изнајми на поливина час.

Ова искуство навистина го менува поимањето на патувањето, заклучува Кејси.

Видео доказот на Кејси: