Оглас за вработување во Атлантик група... Отворени се 2 (две) работни места

Оглас за вработување во Атлантик група... Отворени се 2 (две) работни места

Atlantic Grupa e една од водечките прехранбени компании во регионот, со палета од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Argeta, Cedevita, Multivita, Cockta, Donat Mg, Smoki, Bananica, Barcaffe, Grand kafa, Najlepse zelje). Taa e водечки европски производител на прехранбени производи за спортисти (Multipower), истакнат регионален производител на додатоци во исхраната и производи за лична нега (Dietpharm, Rosal, Plidenta), како и сопственик на водечкиот приватен синџир на аптеки во Хрватска (Farmacia). Исто така, таа е водечки регионален дистрибутер на светските премиум брендови на производи за широка потрошувачка. Асортиманот што Atlantic Grupa го произведува и дистрибуира e присутен на повеќе од 45.000 продажни места во Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово. Компанијата има околу 4.400 вработени на 12 пазари.

Atlantic Grupa нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работните места:

Трговски патник HoReCa канал - во секторот за продажба – 1 работно место – реон Скопје
Трговски патник HoReCa канал - во секторот за продажба – 1 работно место – реон западна Македонија


Главни области на одговорност:
Ги следи продажните трендови; ги посетува постоечките купувачи – хотели, ресторани кафичи и е одговорен за пронаоѓање и отворање на нови деловни партнери на теренот за кој е задолжен;
Одговорен е за покриеност на сите продажни места во зададениот терен, за ниво на дистрибуција и изложеност на производите, препорачаниот асортиман, соодветните панели и пропаганден материјал;
Склучува нарачки за да ги оствари плановите за продажба – со фокус на HoReCa каналот за продажба;
Идентификува, истражува и ги контактира потенцијалните купувачи и гради позитивни односи кои ќе донесат идна продажба и ќе обезбедат лојалност на купувачите и постојана продажба
Известува за можни промени во продажните трендови зависно од повратната информација од купувачите
Продажбата се врши директно од комерцијално возило (Ex Van Sales – комбе продажба)

Потребни квалификации:
ССС
Познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office;
Возачка дозвола Б категорија
Работно искуство од 2 години во продажба во Хорека канал

Што очекуваме:
Лојалност, комуникативност и одговорност;
Флексибилност за работа на терен;
Одлични преговарачки вештини;

Предност ќе имаат лицата со претходно работно искуство во истата област.

Вашата понуда со биографија доставете ја најдоцна до 26 септември 2016 година на адреса – Атлантик Група, ул. Шар Планина бб, Скопје (cv-mk@atlanticgrupa.com), или преку интернет страницата http://www.atlantic.hr/hr/raditi-u-atlanticu/.