Оглас за вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје 

Отворени се 2 (две) работни позиции 










1. Виши соработник за кориснички решенија


Служба за автоматизација на процеси и системи за оперативна поддршка, технологија и корпоративни решенија / Сектор за ERP технологија и корпоративни решенија / Област на Главниот директор за техника и ИТ

Работно место: Виши соработник за кориснички решенија

Ангажирање на определено време за замена на вработена која е на породилно отсуство

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Краток опис на потребни вештини, знаења:
Услови:
- Високо образование – Факултет за Информатички науки и компјутерски инженерство, Факултет за Информатички технологии или останати технички факултети
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Практични познавања на еден од следните програмски јазици: C#, Java, PHP
- Практични познавања за развој на web базирани апликации: HTMLS, CSS, JavaScript
- Практични и теоретски знаења од областа на релациони бази на податоци, Познавање на , MSSQL, Oracle, MySQL
- Познавања на телекомуникациски технологии и процеси
- Компјутерски вештини (MS Office, Power Point)
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Развој на апликации базирани на функционална и техничка спецификација
- Да учествува во проекти за развој на софтвер
- Да предлага имплементација на иновативни решенија во работењето
- Да учествува во развој на софтверски решенија наменети за крајните корисници
- Организација и координација на имплементацијата на новите верзии на апликациите во согласност со планот
- Подготовка на техничка функционална спецификација за имплементација на новите софтверски решенија
- Подготовка на техничка документација за решенијата
- Подготовка на упатства за употреба на решенијата за крајните корисници
- Поддршка и одржување на апликациите

Способности и вештини:
- Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, посветеност на работата

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши соработник за кориснички решенија

Огласот ќе биде објавен на ден 23.09.2016 година и ќе трае до 30.09.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Минимумот на предвидената нето плата за ова работно место е во висина од 28.091,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.










2. Специјалист за платформи за содржини


Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје на определено време

Служба за aвтоматизација на процеси и системи за оперативна поддршка,технологија корпоративни решенија/Сектор за ЕРП технологии и корпоративни решенија/Областа на главниот директор за техника и ИТ

Работно место: Специјалист за платформи за содржини

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо образование – Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Електротехника, Природно математички факултет или останати факултети
- 3-5 години соодветно работно искуство
- Напредно пoзнавање на алатки за развој на софтвер и технологии и програмски јазици како .NET технологија или Oracle Developer/Designer или JAVA и т. н.
- Напредно познавање на релациони бази на податоци
- Напредно познавање на платформи за содржини (Call Centar, IVR ,USSD , IPTV, BlackBerry, Content and VAS platforms)
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Да ги реализира активностите за развој и одржување на платформите за содржини во согласност со интерните прописи на компанијата
- Да го реализира развојот на софтверски решенија за платформите за содржини
- Да ги имплементира процесите и процедурите неопходни за ефикасно работење како и да ја следи ефикасноста на истите
- Да учествува во различни анализи за прашањата/проблемите кои се ескалирани од страна на специјалистите кои работат на оперативно одржување на платформите за содржини и да предлага решенија
- Да ја учествува во имплементацијата на новите верзии на апликациите во согласност со планот
- Да ги конфигурира новите продукти на платформите за содржини
- Да врши обука на крајните корисници на системите
- Да ја подготвува и ажурира техничката и проектната документација
- Да дијагностицира проблеми и да ги решава повиците за услуги и инциденти на второ ниво на ИТ поддршка на секојдневното работење на платформите за содржини
- Да врши известување за инциденти и проблеми кон добавувачи (трети страни) во согласност со Договорите за услуги
- Учествува во дефинирање на процеси за апликативно одржување на системите во согласност со најдобрите практики, дефинирање и доделување на улоги и задолженија
- Да учествува во имплементацијата и надградувањето на информатичката безбедност и безбедноста на администрирањето на податоци во платформите за содржини

Способности и вештини:
- Добри вербални и комуникациски способности, лидерски и координациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, широко искуство и способност за планирање и реализација на цели

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за платформи за содржини

Огласот ќе биде објавен на ден 23.09.2016 година и ќе трае до 30.09.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Вкупна нето плата за ова работно место е во висина од 40.000,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.