Сателитските снимки што Тајван не сака да ги видите

Сателитските снимки што Тајван не сака да ги видите

Подготвил: А.Д.

Што важно се крие на Иту Аба, остров во спорното Јужно Кинеско Море, што Тајван морал да реагира кај Гугл да замагли сателитски снимки од местото?

На сателитски снимки што Тајван барал да бидат замаглени, може да се видат четири мистериозни градби, кои на снимки од јануари 2015-та ги немало.

Сателитска снимка на остров

Веднаш почнаа шпекулации за тоа што се гради на Иту Аба и дека постои можност Кина и Тајван да планираат агресивна акција во регионот.

Шпекулациите:

- Можеби се градат нови тајвански воени погони.
- Објектите најверојатно се од одбранбен карактер.
- Премногу се мали и чудно распоредени да би биле пристаништа.
- Во нив можеби се сместени сензори за надзор, но најјужниот објект не е кон море.
- Со крајбрежни тврдини ефикасно може да се одвратат пловила од Виетнам.

Мистериозни градби во Јужно Кинеско Море

Што и да се наоѓа на островот, властите не се баш расположени да зборуваат за тоа. Тамошниот министер за одбрана, не ги негирал, ниту потврдил шпекулациите, само рекол дека не може да се даваат какви било информации за воени објекти, ниту за нивните цели, затоа што тоа е воена тајна.