Театарската легенда Роберт Вилсон - почесен доктор на ЕФТА

Театарската легенда Роберт Вилсон - почесен доктор на ЕФТА

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Авангардниот американски режисер Роберт Вилсон ќе стане почесен доктор на ЕФТА – Европската филмска, театарска и танцова академија од Скопје. Во понеделник, на 26 септември во 17.30 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржи свеченоста по тој повод. Вилсон е едно од најголемите имиња на светскиот театар. Неговото дело веќе половина век претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти.



Настанот ќе почне со поздрав од театарските уметници од Македонија, потоа ќе биде прикажан филмот на Саша Голдман за Роберт Вилсон „Rememberemember“ во присуство на авторот, а ќе има поздравни беседи од ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и од Роберт Вилсон.