ЗПРМ: Бесплатно предавање и огромен конференциски попуст за студенти!

ЗПРМ: Бесплатно предавање и огромен конференциски попуст за студенти!


 
Здружението за преведувачи на Република Македонија со радост ги известува сите студенти – додипломци, постдипломци или секој што ќе се најде на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ дека г. Атила Пирот од Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (IAPTI) ќе одржи БЕСПЛАТНО предавање на 3 октомври, од 13.00-14.30 часот, во просториите на Филолошкиот факултет. Темата на предавањето е улогата на технологијата (поточно, машинското преведување кај нас познато во форма на Google Translate) и професионалната автономија во кариерата на независните преведувачи. ЗПРМ со радост ги очекува сите студенти кои би сакале да придонесат со своето присуство и идеи за ова интересно предавање на актуелна тема.

Предавањето е организирано во продолжение на Четвртата меѓународна конференција организирана од страна на ЗПРМ на 1 и 2 октомври во Охрид. Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе присуствуваат истакнати говорници од целиот свет, кои ќе го споделат своето знаење за техники и алатки за успешно пливање во водите на самостојната работа (freelancing), когнитивниот процес што се одвива во мозокот на симултаните толкувачи, предизвиците и замките на книжевниот превод, иднината на аудиовизуелниот превод и безброј други теми!

Работен јазик на конференцијата е англиски и на неа се добредојдени сите ентузијасти заинтересирани за размена на идеи, професионално усовршување и растење, сето тоа потпомогнато од страна на врвни конференциски говорници собрани на едно место.

Би сакале да ги поканиме сите студенти-додипломци да го искористат огромниот конференциски попуст од речиси 90% што им се нуди и да присуствуваат на оваа конференција од светски ранг, која за нив е понудена по навистина достапни цени.

Повеќе за темите, говорниците и цените за присуство за студенти на официјалната веб-страница на настанот: http://mata.mk/conference/