Говорот на канадскиот премиер го привлече вниманието на светската јавност

Говорот на канадскиот премиер го привлече вниманието на светската јавност

Подготвил: М.П.

Светот го сврти вниманието кон канадскиот премиер Џастин Трудоу, по неговото обраќање во Обединетите нации, каде што зборувал зошто неговата земја е одлична.

 

 

 

Неговите либерални ставови предизвикаа воодушевување кај многумина и во Генералното собрание и пошироката јавност.

23-от премиер на Канада зборувал за емиграцијата, која во Канада довела до зближување на земјата а не до поделби. Имено, Канада прими повеќе од 30 илјади Сириски бегалци. Трудоу ова го именува како голем предизвик, но и отварање на можности. Тој вели дека навистина знае како размислува неговиот народ и кои се нивните одлики, а тоа се дознава доколу одите таму каде што се луѓето, каде што се одвиваат секојдневните активности.

Тој признава дека неговата земја е далеку од совршена, но постои една одлика која Канада ја двои од останатите – а тоа е способноста за прифаќање на разликите како извор на сила и храброст а не слабост. Нашата земја е силна заради тие различности, истакнал Трудоу.

 

 

 

Смета дека Канада не може да ги реши сите светски проблеми, но барем се обидува.

Додека неговиот говор наиде на аплаузи во Обединетите нации, кај некои не предизвика позитивни реакции.

National Post го нарекле говорот „тенок како супа подготвена од трупот на прегладнет папагал“. Други пак, велат дека неговиот говор бил малку изгубен, а одредени членови не биле ни присутни за да го слушнат.

Говорот на Трудоу е всушуност спротивност на оној од премиерот на Австралија Малком Трнбул кој наспроти Трудоу, ја бранеше својата земја во поставувањето на полициска заштита на границите. Според него, контролирањето на мигрантите е од есенцијална важност, мора да се обрне внимание на ризиците, а со вршење на контрола, кај народот ќе се создаде доверба во Владата дека ефикасно се справува со миграцискиот процес, а ќе го потенцира хуманитарниот аспект кон оние на кои тоа им е најпотребно.

Целиот говор на канадскиот премиер може да го гледате овде.