Хуманиот гест на една професорка

Хуманиот гест на една професорка

Подготвил: М.П.

Професорка од Колорадо Трејси Бај одлучила да му помогне на бивш ученик од училиштето во кое работи, 29-годишниот Хенри Хауард и да му го спаси животот.

 

 

Имено на Хауард му бил потребен нов бубрег, а откако се потврдило дека таа е совршен донатор воопшто не размислувала, бидејќи сакала да му помогне на човекот кој го познава уште од основно училиште. Иако не му била професорка на Хауард лично, сепак добро го познавала, пишува ABC News.

На Хауард му била дијагностицирана хронична болест на бубрезите, но никој од членовите на неговото семејство не се покажале како соодветни донатори. Тој пред 15 месеци добил син, а мајката на Хауард испратила писмо до сите во училиштето во кое ги моли да се тестираат. Кога Трејси го прочитала писмото, веднаш помислила на тоа дека синот на Хауард може да остане без татко.

 

 

По извршените испитувања и добрите резултати, на почетокот од овој месец двајцата успешно ја поминале операцијата за трансплантација и сега се опоравуваат.