Кои

Кои "Пријатели" првично беа замислени да бидат љубовна двојка?

Подготвил: Светлана Петковска

Чендлер и Моника живееле засекогаш среќно и во финалето на серијата “Пријатели“(“Friends“), но нивната љубовна приказна скоро и да не се случила.

Еве некои од малку познатите факти, кои дури и најжестоките фанови, најверојатно не ги знаат за хит серијата во која глумат: Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Метју Пери, Мет Ле Бланк, Дејвид Швимер и Лиза Kудроу.


Пријатели


1.Пред да се одлучат за името “Пријатели“, продуцентите се двоумеа помеѓу: “Insomnia Cafe“, “Friends Like Us“, “Across the Hall“ и  “Six of One“

2.Лиза Кудроу која ја глуми Фиби, мразеше да свири на гитара. Таа се обидуваше нејзиниот лик да го измени со друг инструмент, тапани. Таа не успеа во таа замисла, но објаснува зошто Фиби знаеше само неколку акорди.

3.Централната љубовна приказна првично требало да биде помеѓу Моника и Џои. Продуцентите го сменија Џои со Чендлер во подоцнежната верзија на сценариото.


Моника


4.Улогата за Рос била специјално напишана за Дејвид Швимер. Не е за изненадување што тој е првата личност избрана за шоуто.

5.Кастингот за другите 5 “Пријатели“ беше покомплексен. Кети Грифин и Џејн Линч, и двете се пријавиле на аудиција за Фиби, а Џон Фавреу и Џон Криер за улогата на Чендлер.

6.Непосредно пред емитувањето на шоуто, директорот ја зел целата екипа на одмор во Лас Вегас. Тој ги охрабрил да уживаат во својата анонимност, како што тој многу мудро предвидел дека животот никогаш нема да биде ист за нив по станувањето хит на “Пријатели“ на ТВ екраните.

7.Снимањето на една епизода било околу пет часа, бидејќи на екипата им биле потребни 20 минути пауза помеѓу сцените за промена на бината и гардеробата. Повеќето од нив биле снимени со публика од 300 фанови, но продуцентите ја затвориле бината за возбудливите моменти за да се избегнат реакции.

8.Познатата статуа на бело куче, на која Џои троши богатство, всушност и припаѓа на Анистон во реалниот живот. Таа ја позајмила на шоуто за една епизода, но на продуцентите им се допаднала толку многу, што ја убедиле да им дозволи да ја задржат во текот на понатамошното снимање.


Брус Вилис

9.Момчето задолжено за електроника беше единствено одговорно за цртежите на “Magna Doodle“ на вратата на Џои и Чендлер, кои секогаш се менуваа.

10.Брус Вилис беше гостин, ѕвезда во неколку епизоди бесплатно откако тој изгубил на облог. Пери го убедил да даде ветување дека ако нивниот филм стане број еден во кино благајните на отворениот викенд, тој ќе мора да се појави на “Пријатели“.

Вилис ја играше улогата на таткото на девојката на Рос и ги донираше сите негови приходи во добротворни цели.
SaveSave