Неколку функционални совети како да си го уредите вашиот малечок дом

Неколку функционални совети како да си го уредите вашиот малечок дом

Подготвил: Б.Б.


Возбудата кај малите простори е тоа што „изнудуваат“ од вас да бидете креативни. Малиот простор не треба да ве обесхрабрува, туку да ве возбуди помислата колку убаво можете да го уредите, за кратко време и со помалку средства. Во прв момент можеби ќе ви се причини комплицирано размислувањето дали ќе ги собере сите неопходни предмети, но со внимателен пристап, добар план и ефикасна организација, можете да си направите дом достоен за пример во дизајнерските магазини.

Ако сте во процес на уредување, добро ќе ви дојдат следните функционални совети.


Испланирајте!

Со оглед на тоа што го немате луксузот на големите простори, не можете само да го натрупате со убави предмети и да очекувате тоа да му прилега. Многу е важно да изберете соодветен мебел и за просторот и за вашите потреби.

Стан 1

Почитувајте си го комфорот

Тоа што имате мал стан, не значи дека треба да се откажете од вашето омилено и големо парче мебел. Австралиски дизајнер на ентериери и уредник на магазинот Belle, ги охрабрува неговите клиенти да изберат поголем мебел, наместо голем број помали коишто можат да направат хаос во просторот.


Научете ги триковите со кои визуелно се зголемува просторот

Ако некој ви рече да изберете светли бои, бидејќи тие го отвораат малиот простор, не им верувајте слепо. Подобро послушајте го Џеф Ендрјус (Jeff Andrews design) и постапете спротивно: изберете темно и големо!

Стан 2

Просторот треба да личи на вас, а вам да ви е удобно внатре

Стилот е персонализиран вкус, па така треба да го изберете тоа што ви се допаѓа и го сакате, и нема да погрешите. Ако се одлучите за елеганција, изберете минимализам.


Боја на ѕидовите

Мнозинството дизајнери советуваат неутрални бои за ѕидовите. Ако не сте љубители на белата боја, моментален хит е сивата во сите нијанси. Додадете текстура со ѕидна тапета. Сосема е доволен и само еден ред.

Стан 3

Уредувањето е процес и бара трпение

Имајте превид дека не мора сè одеднаш да уредите. Правете паузи после секоја уредувачка фаза, размислете и продолжете понатаму. Станува збор за константно и внимателно уредување. Тој процес е неопходен, за да се осигурате дека сите елементи се во кохезија и имаат своја намена. 

Стан 4