ЕУ забрани козметичко тестирање врз животни

ЕУ забрани козметичко тестирање врз животни

Подготвил: Светлана Петковска

Козметичкото тестирање на животни ќе биде забрането во Европската унија, одлучил во Средата Судот на ЕУ, па дури и ако тестирањето се врши со цел да се продава на трети пазари.

Целосната забрана на козметичко тестирање на животните во ЕУ е на сила од 2013 година, но тестирањето на стаорци, глувци, морски прасиња и зајаци и понатаму е честа појава во другите делови во светот.


тестирање


Велика Британија побарала од Судот на ЕУ да ја појасни оваа забрана во случајот на трите компании, членки на Европската федерација за козметички состојки, кои спровеле тестови на животни надвор од ЕУ, со цел да ги продадат своите производи во Кина и Јапонија, но компанијата планирала да продава и на пазарот на ЕУ.

Федерацијата се обратила до судовите во Велика Британија за да се утврди дали на компаниите им се закануваат казни,  ако производите ги стави на британскиот пазар.

Европските судии оцениле дека целта на забраната би можела "сериозно да се компромитира", ако би се заобиколило тестирањето врз животни во странство, додавајќи дека "не е релевантно" дали тестирањето е неопходно за производите  да се продаваат во другите земји.
SaveSave