Каква е состојбата со пушачите во Македонија

Каква е состојбата со пушачите во Македонија

Подготвил: М.П.

Според последните соопштенија на „Action on Smoking and Health“ преку 200 илјади деца во Велика Британија започнуваат да користат цигари секоја година.

Всушност, две третини од возрасните пушачи тврдат дека започнале уште кога биле на возраст под 18 години.

 

 

 

Пушењето цигари е поврзано со голем број на здравствени ризици од болести како срцеви заболувања, рак на белите дробови. Дури 90 проценти од случаите на рак на бели дробови се предизвикани од цигари.

Statista се здобиле со податоци од European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs (Espad) на тема пушење кај деца на возраст од 15 и 16 години во Европа.

Резултатите покажуваат дека во Романија, Бугарија и Италија процентот на деца пушачи е највисок. Повеќе од 20 проценти на 15 и 16-годишници пушеле цигари 30 дена пред да учествуваат во студијата.

Унгарија, Франција и Словачка се втори на табелата, 0д 15 до 19 проценти.

Велика Британија бележи малку подобри резултати, со 5 до 9 проценти на деца од истата возраст кои се дефинираат себеси како активни пушачи.

Во Македонија, 38 проценти се дефинирани како активни пушачи, додека 24 проценти се пушачи 30 дена пред да се реализира истражувањето. Од оние кои се активни пушачи, 44 проценти се машки, а 33 девојчиња. Додека пак, кај оние кои започнале да пушат цигари 30 дена пред истражувањето, 27 проценти се машки, а 21 процент девојчиња.