"Snapchat" го креира првиот хардверски производ

Подготвил: Светлана Петковска

Да, очилата на “Snapchat“ се реални и се познати под името “Spectacles“, а шефот на компанијата Еван Шпигел ги претстави на една мала група на луѓе. Исто така тој открил дека компанијата е ребрендирана и преименувана во “Snap Inc“.

Според “Wall Street Journal“, првиот погоден за носење производ на “Snap Inc“ доаѓа “вооружен“ со камера која може да снима 10 секундно видео, кога ќе го допрете копчето во близина на украсните шари. Со секој допир се започнува ново снимање.

Snapchat

Резултатите не изгледаат како типично видео снимени со мобилен телефон или камера. Шпигел верува дека правоаголниот формат е "непотребен белег за печатење на фотографии на листови хартија."  И бидејќи ние зборуваме за “Snapchat“ очилата може да се синхронизираат со вашиот телефон безжично, правејќи нешто што е лесно за споделување на интернет.

“Snap Inc“ ќе ги пушти во продажба очилата оваа есен за 130 долари, но само во ограничен број. Компанијата сака да оди со бавни чекори со цел да добие чувство како луѓето реагираат на нив, и веројатно за да видат колку добри првичните модели се продаваат, пред да произведат нови.

Шпигел бил запрашан од “Wall Street Journal“ зошто ги произвел ако не очекува побарувачка за нив. Тој одговорил: “Бидејќи е забавно. Ако и другите луѓе ги најдат очилата забавни, и за разлика од “Google Glass“, овие изгледаат како нешто што повеќето луѓе би ги носеле, полесно ќе ви биде да најдете еден пар во иднина“.

Погледнете од видеото за какви очила станува збор.