YouTube има потреба од

YouTube има потреба од "Херои". Бидете и вие дел од тимот!

Подготвил: Светлана Петковска

Ако сте се впуштиле во коментари на “YouTube“ знаете колку може да бидат непријатни. За да се помогне да се исчистат сите лоши коментари која секцијата ги носи, веб страната за споделување на видеа, ќе регрутира волонтери кои ги нарекува “Херои“.

Тоа е проширена верзија на програмата “Trusted Flaggers“ и им дозволува на корисниците кои сакаат да помогнат да имаат не само моќ за бришење на несоодветните коментари и видеа, но исто така да додадат нови легенди и наслови.


херои


Членовите добиваат и посебна табла каде може да ги следат своите придонеси, да видат дали легендите се доставени и одобрени, како и дали содржината што ја означиле е отстранета.
 
Иако “YouTube“ сѐ уште ќе го има последниот збор за тоа што да се отстрани од веб  страната, “Хероите“ може само да означат и да известат за нив. Без оглед на тоа што мислат корисниците, програмата “Херои“ се случува, и таа е сега отворена за луѓе од целиот свет кои имаат историја на придонес за заедницата.

Може да аплицирате токму тука ако трошите многу време на “YouTube“ во секој случај. Само да се спомене дека програмата има еден аспект: колку повеќе придонесувате, повеќе функции ќе отворате. Можеби ќе треба да почнете од дното и да работите на вашиот пат, за да добиете пристап до материјали за обука и да се стекнете со способност да сигнализирате повеќе видео клипови во исто време.


Save