Зошто Норвежаните сакаат да убијат две третини од волците во Норвешка?

Зошто Норвежаните сакаат да убијат две третини од волците во Норвешка?

Подготвил: Светлана Петковска

Потег кој е многу збунувачки за сите, од екологистите до обичните луѓе, норвешката влада објави план за убиство на две третини од својата дива популација односно волци. Во последните пресметки Норвешка има 68 волци. 

Владата го оправдува убиството што е најголемо од 1911 година со тврдењето дека тоа е крволочна популација, а со тоа ќе се стави под контрола и ќе се минимизираат штетите врз овците во сопственост на фармерите.

Сепак, еколошките групи, вклучувајќи ја и “WWF“ Норвешка, тврдат дека штетата предизвикана од волците е минимална и одговорот на Владата е вон одмереност и мотивиран од други фактори.


Норвешка волци


“Ние не сме виделе ништо слично на ова во повеќе од 100 години, кога политиката во тоа време беше да ги “истреби“ сите големи крволочни животни"-рече Нина Јенсен, шефот на норвешката филијала на Светскиот фонд за природата ( WWF), во изјава.

Дефинитивно постои апетит за лов во Норвешка. Минатата година, невидено беше што 11.000 лица се пријавиле за 16 лиценци законски издадени за лов на волци. Тоа се 700 апликанти за секоја лиценца. Владата беше обвинета дека го предизвикала зголемувањето на бројот на лиценци издадени оваа година поради популарната побарувачка.

Предложениот план е 24 волци да бидат застрелани во дел од Норвешка, кој е назначен како живеалиште на волци, а уште 23 волци да бидат убиени во други делови на земјата, што значи 47 од вкупно 68.

Еколошките групи во Норвешка велат дека границата за новиот легален лов е повеќе од она што тековната популацијата на диви волци може да го издржи.

Тоа се случи минатата година кога волците официјално беа наведени како "критично загрозени" во Норвешка.

“Да се стрела во 70 проценти од волците не е достојно за една нација која тврди дека е првак во заложување за еколошки акции. Луѓето од целата земја, како и надвор од нејзините граници, сега реагираат на оваа владина мерка“- заклучила Јенсен.
SaveSaveSave