Најпосетуваниот град во светот

Најпосетуваниот град во светот

Подготвил: А.Д.

Од Mastercard излегоа со годишниот извештај за најпосетувани места на планетава. Азиските дестинации доминираат на листата.

Бангкок е најпосетуван град според бројот на меѓународни посетители - 21,47 милиони луѓе што во 2016-та ќе преноќат во градот.

Бангкок

Вицешампион е Лондон со 19,88 милиони, а трет е Париз со 18,03 милиони посетители. Во топ 10 влегуваат и Дубаи, Њујорк, Сингапур, Куала Лумпур, Истанбул, Токио и Сеул.

Студијата, што се објавува седма година по ред, нуди увид во бројот на посетители и процена на нивната потрошувачка за 2016-та. Додека меѓународните патувања и потрошувачката продолжуваат да растат побрзо од глобалниот БДП, градовите и понтаму се придвижувачи на економскиот раст.

Најголемо изненадување во годинашниот извештај е скокот на Дубаи на врвот во однос на процената за потрошувачката на меѓународните посетители во износ од 31,3 милијарди долари, што ја надминува потрошувачката од 19,8 милијарди долари на второпласираниот Лондон.

Годинава Будимпешта, Букурешт и Софија се најдоа на пописот на 10 најбрзо растечки европски градови.