НАСА ќе објави сензационално откритие во живо во 16 часот

НАСА ќе објави сензационално откритие во живо во 16 часот

Подготвил: Марта Димитров

Вселенската агенција НАСА минатата недела објавила дека во понеделник во 16 часот по наше време ќе открие изненадувачко откритие за активностите на ледената месечина Европа на Јупитер.

јупитер

Имено, астрономите ќе ги претстават резултатите од единствената кампања за набљудување на Европа што се поврзуваат со присуството на океанот на површината на ледената месечина.

Според најавите на Агенцијата, на конференцијата ќе присуствуваат директорот на одделот за астофизика во седиштето на НАСА во Вашингтон, Пол Херц, астрономот Вилијам Спаркс од Научниот институт за вселенски телескопи во Балтимор, Бритни Шмид – асистентка на Институтот за технологија на Универзитетот во Џорџија во Атланта и Џенифер Вајсман постар познавач на проектот Хабл (Hubble) во центарот за вселенски летови на НАСА во Мериленд.

Текот на конференцијата може да го следите ОВДЕ