Најимпресивното прашање што може да му се постави на работодавач

Најимпресивното прашање што може да му се постави на работодавач

Подготвил: А.Д.

Во текот на интервју, кандидатот за работа го добива прашањето: Дали ти имаш некое прашање? ЦЕО има предлог што е најдобро да се праша.

Интервју за работа

Дејв Керпен, ЦЕО-то на Likeable Local и автор на книгата Likeable Social Media, побарал од претприемачи да ги споделат со него најимпресивните прашања што ги поставиле кандидати за работа или што би сакале да ги чујат од кандидати за работа.

Меѓу прашаањата биле и:

- Што те држи буден навечер?
- Како почна?
- Што е најфрустрирачкиот дел од работата во оваа компанија?


Керпен пак заклучува дека најимпресивното прашање што може да го постави потенцијалниот работник е:

- Како она што јас ќе го работам ќе придонесе за мисијата на организацијата?

„Прашањето ми кажува многу работи. Прво, открива дека апликантот размислува. Второ, кажува дека апликантот не бара само работа, туку бара нешто во што ќе може да верува. Сакам такви луѓе да работат за мене“, објаснил Керпен, додавајќи дека такви луѓе се грижат за визијата, мисијата и планот на компанијата и сакаат од самиот старт да бидат од полза.

Ова прашање може да отвори добра дискусија и брзо да се одреди дали има заеднички интерес.