Петте нерешени мистерии

Петте нерешени мистерии

Подготвил: М.П.

Некои случки и натаму се мистерија за светот. Многумина заради тоа развиваат и гласини и теории на заговор. Еве неколку од нерешените светски мистерии.


1. St Pancras Walrus

 

Местото „St Pancras Walrus“ било откриено од археолози кои вршеле ископувања во црквата „St Pancras Walrus“ во 2003-та година. Локацијата била користена како масовна гробница, особено заради појава на многубројни епидемии во раните години на 19-от век.

Според List Verse, 44 илјади тела биле закопани на ова место помеѓу 1822 и 1854 година.

 

Во еден ковчег имало остатоци од осум луѓе и еден морж од Пацификот.

 

 По деталните испитувања истражувачите не успеале да дознаат што всушност се случило таму.

 

 

2. D.B Cooper

 


Во 1971 година, човек познат само како Ден Б.Купер се качил на Боинг 727-100 на аеродромот во Портланд. Летот се упатил кон Сиетл и тоа на Денот на благодарноста. Додека летале, Купер на стјуардеса и врачил некаква забелешка. Според стјуардесата, човекот и објаснил дека има бомба и бара 200 илјади долари и четири падобрани.

 

 

 

 

30-минутниот лет бил пролонгиран и траел два часа за да им се даде време на ГБИ да се снабдат со потребните пари и падобрани.

 

Купер потоа наредил во пилотската кабина летот да се упати кон Мексико Сити. По пат, Купер скокнал со падобран и од тогаш не е виден.

 

3. Сибирски дупки


Во јули 2015-та, дупка од 115 стапки била откриена во полуостровот Јамал во Сиберија. Според Mashable, Јамал на локалниот јазик на домородците значи „крај на светот“.

 

Во ноември 2015 бил испратен тим во сибериската дупка, но се уште ништо не е откриено. Се претпоставува дека на местото имало експлозија, но сите теории се недокажани.

 


4. Макс Хедрум, 22.11.1987

 


Сигналот на ТВ станицата Чикаго, бил прекинат за време на емитувањето на епизода од „Doctor Who“, а се појавил лик со маска на Макс Хедрум, кој изговарал неразбирливи зборови. Зопто ова се случило и кој бил идентитетот на човекот не е утврдено, иако има неколку теории.

 

Прекинувањето на емитувањето траело околу 90 секунди. Бидејќи се случило на 22-ри ноември, многумина сметаат дека е поврзано со убиството на претседателот Кенеди, кое се случило на истиот ден во 1963.

 

Порано, во текот на истиот тој ден во 1987, истата фигура, без звук, ја прекинала програмата на уште една ТВ станица.

 

 

5. Губитокот на оригиналните скапоцени камења од круната на кралот Џон

 

 

Во 1216 година, за време на првата војна на бароните, англискиот крал Џон патувал од Кингс Лин до Линколн.

Кралскиот воз поминувал низ делот од ограда позната како „The Wash“.

 

За време на патувањето неговото богатство, меѓу кое и кралската круна потонале во калта. Настанот бил симболичен заради позицијата на Џон за време на војната со бароните, по издавањето на првите и вторите Магна Карта документи.

 

 

 

По смртта на Џон во истата година, неговиот наследник Хенри Трети, бил крунисан со скромна златна диадема.

 

И покрај потрага при која се користеле ласери во 2015 година, кралското богатство не било пронајдено.

 

Постојат некои шпекулации дека кралот Џон ја лажирал загубата на богатството и ги оставил во Кингс Лин.