17 годишна девојка од паднатите есенски лисја прави неверојатна уметност

17 годишна девојка од паднатите есенски лисја прави неверојатна уметност

Подготвил: Светлана Петковска

Eсен e! Тоа значи дека е време да се јадат вкусни специјалитети од тиква, да се возбудиме за Ноќта на вештерките, и, се разбира да уживаме во убава глетка на паѓање на лисјата. Но, има некој што е повеќе возбуден за пристигнувањето на  есента отколку било кој друг. Нејзиното име е Јоана Вирацка од Полска и таа е уметник на листови.


уметност

Може се сеќавате на  работата на Вирацка од 2015 година, кога почна да се здобива со голема слава поради нејзините неверојатни креации. Едноставно кажано, таа создава минијатурни детални слики на паднати лисја.


есен


Оттогаш, таа беше поканета да ја сподели својата уметност на ТВ, луѓето пишуваа за нејзината работа, а таа имаше илјадници луѓе кои посегнуваа кон неа за да и кажат колку на нив им се допаѓа нејзината уметност. Нејзините уметнички творби се фасцинантни.


лист


И, за среќа, таа направи многу оваа година. На само 17 години, талентот на Јоана ја надминува нејзината возраст и таа постојано се усовршува.


лист


"Сето она што се случи во текот на изминатата година го гледам како една авантура. Јас сум млад уметник и уште сакам да се развивам“- изјавила таа.


есен


Што се однесува до она што е следно, Вирацка рекла дека се обидува својата рака да ја стави во некои различни медиуми, како сликање на платно, како и некои други нови проекти.